Weekly News

01/10/2019

ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (едно) лице


Дирекција за заштита и спасуваење на Република Македонија,врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од  Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ,, бр. 167/15-пречистен текст, 27/16, 120/18), а во врска со член 22 ст. 1  од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/2016, 35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01-1902/2 од 28.06.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на  работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година,  бр. 01-625/1 од 20.02.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.06.2018 година, 29.08.2018 година, 01-625/14 од 03.09.2018 година, бр. 01-625/18 од 04.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.01.2019, бр. 01-277/5 од 06.06.2019 година, бр. 01-277/6 од 03.09.2019 година објавува:

Ј А В Е Н    О Г Л А С

за вработување на 1 (едно) лице во Дирекција за заштита и спасување на определено време до крајот на тековната фискална 2019 година

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I     Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  1. Воздухопловно –технички инженер - ИРЕ или АМС  - 1 извршител,

 

Кандидатот , покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

 

Посебни услови:

  • Образование: машинство, електромашинство, сообраќај и транспорт
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација  VI А според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: Искуство во техничко одржување на воздухоплови најмалку 2 години

 

 Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

 

Паричен износ на основна нето-плата: 40.229,00 денари за работното место под реден број 1

 

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оригинална форма или копија заверена на нотар:

1.Доказ за државјанство на Република Македонија/ оригинал или копија уверение за државјанство

2.Доказ за општа здравствена способност/лекарско уверение оригинал

3.Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/потврда

4.Уверение/диплома за завршен степен на образование/копија со нотарска заверка верно на оригинал

5.Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

6.Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)

7.Доказ за познавање на компјутерски програми/потврда-сертификат-оригинал или копија

8.Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07,30-08,30 часот и крај на работно време меѓу 15,30-16,30 часот.

       Работни денови: од понеделник до петок– одделение за специјализирани услуги со воздухоплови  во Меѓународен Аеродром Скопје - Скопје.

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица „Васко Карангелевски“ бр. 8 - Скопје касарна Гоце Делчев – Аеродром – Скопје(со назнака „За оглас за вработување за работна позиција бр...“)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.                                                                   

       ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

                                                                                           Д И Р Е К Т О Р

                                                                                     АДНАН ЏАФЕРОСКИ

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации