Weekly News

10/01/2019

Препораки за сите граѓани кои оваа зима ќе одат на планина


Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла, и слично, на сите граѓани во Република Македонија им препорачува:

  • континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација;
  • да не тргнуваат на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема;
  • да имаат доволно гориво во возилото за нивно пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот;
  • да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека;
  • да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели;
  • луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а, доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри;
  • планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициски станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.

Упатство за граѓани во случај на екстремeн студ - преземи

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации