Weekly News

Logo

21/10/2018

Субрегионална симулациска вежба "ТТХ-Интернет-Балканика"


Дирекцијата за заштита и спасување во рамките на работниот пакет 6 од Проектот 44: "Јакнење на способностите на тимовите за прв одговор и подобрување на  меѓурегионалната соработка при одговор во хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарен (ХБРН) инцидент" ја организира и ја реализира Субрегионалната симулациска вежба "ТТХ-Интернет-Балканика". 

Целите на вежбата беа зајакнување на регионалната интеракција за успешен и брз одговор на хемиски инциденти со прекугранични ефекти преку проверка на постојните процедури за известување при хемиски инциденти, меѓу агенциските и  регионалните комуникации, како и општата координација во барање и испраќање на помош за успешено справување со инцидентот.  

Вежбата се изведуваше во ист ден, на 05.12.2017 во петте држави од Балканскиот регион: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, по претходно изработено сценарио: голема експлозија се случила во една хемиска фабрика која во процесот на произвотство користела големи количини на хром-6 и сулфур, а која се наоѓа на територијата на Албанија во близина на  северозападната граница помеѓу Македонија и Албанија. Има голем број загинати, повредени и затруени и се бара помош од соседните земји. Меѓусебната комуникација со виртуелниот штаб и помеѓу државите во барање, прифаќање и испраќање на помош се одвиваше преку интернет и со видео конференциска врска.

 
На Вежбата  учествуваа номинирани претставници од релевантните институции и тоа: двајца професори од Институтот за хемија, Природноматематичкиот факултет, Територијалната противпожарна Бригада на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност,  Јавна здравствена установа-Здравствен дом Скопје-Итна медицинска помош, Министерство за животна средина и просторно планирање, Институт за јавно здравје, Управа за хидрометеоролошки работи на Република Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување. 

Вежбата беше мониторирана и евалуирана од страна на еден претставник од Конзорциумот на Проектот 44: Elemir Farkas oд Институтот за индустриска безбедност и менаџирање на итни вонредни состојби (ISEM) од Словачка.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации