Weekly News

Logo

Директор

Аднан Џафероски

Дирекцијата за заштита и спасување претставува фундамент на единствениот систем на заштитата и спасувањето и подразбира вршење на хуманитарни активности со цел заштита и спасување на граѓаните од природни непогоди, техничко-технолошки, биолошки, хемиски, нукеларни, радиолошки хазарди и други несреќи предизвикани од човекот, со цел обезбедување услови за опстанок и мирен развој на заедницата, како и зачувување на материјалните добра и животната средина. Ваква хумана димензија бара посветеност, знаење, обуки, оперативна и логистичка подготовеност, размена на информации и најдобри практики помеѓу сите учесници во системот за заштита и спасување, блиска меѓуинституционална соработка и координација, консолидирање на знаењето и пополнување на утврдените празнини, што е само еден дел од активностите врз кои се темели оваа институција. Дирекцијата за заштита и спасување многупати покажа и докажа дека е рамноправен партнер на земјите членки на ЕУ, а нашата визија е целосно да се вградиме во системот на цивилна заштита на ЕУ и, интерактивно да ги користиме бројните инструменти кои овозможуваат адекватна подготвеност и ефикасен одговор на природните и други несреќи. Стана евидентно дека проблемите врзани за оваа област не може да се решават со изолирани активности, посебно имајќи ја предвид сѐприсутната глобализација. Затоа ќе продолжиме да ја унапредуваме и градиме меѓусебната доверба и соработка во сите сфери на заштитата и спасувањето, како на билатерален, така и на регионалан и меѓународен план, преку учество на обуки, вежби, иницијативи, проекти, но и взаемно дејствување во превенцијата и справувањето со последиците од природните и другите несреќи. За остварување на својата мисија, Дирекцијата се соочува со низа предизвици со кои иако тешко, сепак успешно се справува. Но времето на импровизации е зад нас. Стоиме пред отоврените врати на новите европски перспективи и имаме намера цврсто да зачекориме напред. Ќе изградиме систем кој ќе се темели врз основните европски вредности и трудољубиво ќе се стремиме да станеме еднакви меѓу еднаквите.

Adnan Dzaferoski

The Protection and Rescue Directorate represents the foundation of the only system for protection and rescue which is in charge of carrying out humanitarian activities in order to protect and rescue the citizens from natural disasters, technical and technological, biological, chemical, nuclear, radiological hazards and other man-made accidents, in order to provide conditions for survival and peaceful development of the community, as well as preservation of material goods and the living environment. Such a human dimension requires dedication, knowledge, trainings, operational and logistical preparedness, exchange of information and best practices among all stakeholders in the protection and rescue system, close inter-institutional cooperation and coordination, consolidation of the knowledge and filling in the identified gaps, which is only one part of the activities this institution deals with. The Protection and Rescue Directorate has shown and proved many times to be an equal partner to the EU Member States, with the vision to fully integrate into the civil protection system of the EU and, to interactively use the numerous instruments that provide adequate preparedness and efficient response to natural and other disasters. It has become clear that problems related to this field cannot be solved by isolated activities, especially given the ever-present globalization. Therefore, we will continue to improve and build the mutual trust and cooperation in all the fields of protection and rescue, being it the bilateral, regional or the international plans, through participation in trainings, exercises, initiatives, projects, as well as joint actions in prevention and coping with the consequences of natural and other disasters. In order to accomplish its mission, our Directorate faces a series of challenges which, although difficult, are still successfully handled. But the times of improvisation are behind us. We stand in front of the open doors of new European perspectives, with the intention to steadily move forward. We will build a system that will be based on the fundamental European values and we will diligently strive to become equal among the equals. Самостојни Одделенија и 35 Подрачни Одделенија;

Биографија


Лични податоци:


  • Име: Аднан Џафероски
  • Датум на раѓање: 24 јануари 1969
  • Националност: Македонец
  • Место на раѓање:Прилеп, Република Македонија
  • Брачен статус: Оженет, две деца

Образование:


  • Факултет за политички науки, дипломатија и новинарство при Универзитетот ФОН – Скопје
  • Специјалист по бизнис и управување на Факултетот за економски науки при Универзитетот ФОН – Скопје
  • Магистрант на политички науки

  • Дополнителни обуки:


    • Олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа
    • Сертификат за управување со предмети и правила за докази и гонење на царински криминал
    • Сертификат за истражни методи
    • Сертификат за истраги и истражни методи во организација на Генералниот Директорат на Царинската Управа на Република Франција
    • Приватен колеџ за транспорт (Професионален колеџ за авијација и авијациски обучен центар)
    • Сертификат за обука на завшен курс Part M за одржуање и оперативен персонал

    Професионална кариера:


    • 1996 – 2009 – Царинска Управа на Република Македонија – цариник и инспектор во Сектор за контрола и истраги
    • 2009 – 2012 – Генерален Директор на приватна авио компанија AIRLIFT SERVICE
    • 2017 – Директор на Дирекцијата за заштита и спасување

    Публикации и јавни настапи:


    • Публикации и колумни со посебен осврт на политичките состојби во Република Македонија, објавени во електронски медиуми
    • Активно учество во јавни дебатни дискусии за еднакво општество, унапредување и демократизација на општеството, владеење на правото.

    Политички ангажман:


    • 1992 – Член на политичката партија Социјал Демократски Сојуз на Македонија (СДСМ)
    • Кандидат на СДСМ на вонредните парламентарните избори во 2014 година
    • Член на работна група за подготовка на правни акти за Пржинскиот Договор
    • Од 2013 – актуелен член на Централниот Одбор на СДСМ
    • Од 2013 – актуелен член на Извршниот Одбор на СДСМ

    Јазични вештини:


    • Македонски (мајчин јазик)
    • Англиски (добро).
    • Турски (добро)
    • Бошњачки/Српски/Хрватски (напредно)

    Контакт:


    • Дирекција за заштита и спасување
    • Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8, 1000 Скопје
    • Република Македонија
    • Телефон/факс: +389 2433 384
    • E-mail: adnan.dzaferoski@dzs.gov.mk
      adnan.dzaferoski@gmail.com

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување
Со работа започна 16.05 2005 година
Дирекцијата е самостоен орган на државната управа
Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи.

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации